Линкови за пристапност

Итен состанок на Асоцијацијата на федерални судии за случајот Роџер Стоун


Во изјава за Гласот на Америка, претседателката на Асоцијацијата истакнува дека постои загриженост за нападите врз некои од судиите и дека тоа ќе биде главната тема на разговорот

Националната асоцијација на федерални судии ќе одржи итен состанок во среда откако официјални лица од Одделот за правда реагирале во случајот во кој е инволвиран близок соработник на претседателот Доналд Трамп.

Во изјава за Гласот на Америка, претседателката на Асоцијацијата истакнува дека постои загриженост за нападите врз некои од судиите и дека тоа ќе биде главната тема на разговорот.

Правната и политичката заедница минатата недела беше изненадена од Одделот за правда кој ги заобиколи сопствените обвинители и препорача полесна затворска казна за Роџер Стоун, долгогодишен пријател и соработник на Трамп.

Стоун беше осуден за лажење на Конгресот, за мешање во сведочењето, како и за нарушување на правдата во истрагата за руско мешање во изборите во САД.

Обвинителите во тој случај препорачаа затворска казна за Стоун во траење од седум до девет години. Одлуката се базира на казнените одредби за таков вид криминал.

Но, одделот за правда препорача поблага казна, откако Трамп преку „Твитер“ истакна дека казната од седум до девет години би била „ужасна“ и „неправедна“.

Пресудата на Стоун треба да му биде изречена во четврток оваа недела.

XS
SM
MD
LG