Линкови за пристапност

Рок бенд во САД ги зближува иселениците од некогашните ју-простори


Рок бенд од Вашингтон ги зближува иселениците од некогашните ју-простори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Рок бенд во САД ги зближува иселениците од некогашните ју-простори

Музиката од некогашната ју-рок сцена е популарна меѓу иселениците во САД. За тоа придонес има и рок бенд во околината на Вашингтон, кој преку познатите рефрени од Леб и сол, Бајага, Рибља Чорба ги обединува луѓето од Балканот. Бевме на еден од нивните настапи

Сабота навечер, на триесетина километри од Вашингтон. Ечат звуците од познатата обработка на песната “Јовано Јованке”, а зад инструментите се музичарите од ДЦ Електрик. Единствен бенд во околината на главниот град на САД што свири рок музика од некогашните југословенски простори.

Бендот постои од 2011 година, а во него поминале повеќе балкански музичари. Фронтменот и водечка гитара е Вања Тошиќ.


“Некои доаѓаа, некои заминуваа. Сега сме во овој состав. Вања, Ненад, Аца, Рашко, а ја имаме и пејачката Маја”.

Почнале како мал акустичен состав, свиреле за своја душа. Денес често настапуваат на местата каде што се собираат луѓе од Балканот.


“Најчесто настапуваме во реонот на Вашингтон, а неколку пати годишно одиме и во Њујорк и околината, објаснува Александар Димитријевиќ”, кој свири клавијатури.

“Тука сме затоа што ја сакаме музиката. Не заради некои други работи и најмалку заради пари или нешто слично”, истакнува тапанарот Ненад Радуловиќ


Секој од нив има редовен работен ангажман, а настапите со бендот им се најмногу поради љубов кон рок музиката.

“Тука сме затоа што ја сакаме музиката. Не заради некои други работи и најмалку заради пари или нешто слично”, истакнува тапанарот Ненад Радуловиќ.

Познатите рефрени од некогашната рок сцена добро ја размрдаа публиката, собрана во саботната ноќ. Сите желни да ја слушнат музиката што им недостасува.


“Тука сме за да се потсетиме на некогашните времиња. Одлично си поминуваме”, вели Дејан Ицев, доселеник во САД од Штип.

Најстариот член на бендот е Рашко Давбиќ, кој има и македонско потекло. Вели дека пораката што сакаат да ја испратат и до новите генерации е дека музиката ги обединува луѓето, без оглед од каде се од Балканот.


Најстариот член на бендот е Рашко Давбиќ, кој има и македонско потекло. Вели дека пораката што сакаат да ја испратат и до новите генерации е дека музиката ги обединува луѓето, без оглед од каде се од Балканот.

“Не е битно дали бендот е од Скопје, Белград, Загреб, Сараево. Тука сме за да шириме порака на заедништво”, вели Рашко.

Пораката од Рашко, беше одлично примена. До доцна во ноќта секој на свој начин уживаше на музиката од Бајага, Рибља Чорба, Балашевиќ, Леб и Сол. На бендот му посакуваме уште многу добри свирки.

XS
SM
MD
LG