Линкови за пристапност

Реакции на граѓани: Случајот „Рекет“ и довербата во судството


Што велат граѓаните за правниот систем после аферата Рекет?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:17 0:00

Човек веќе нема доверба во никого. Кога може обвинител да го направи тоа, што можам јас тогаш, вели жител на Охрид одговарајќи на прашање на Гласот на Америка за довербата во судството

Незадоволство за правниот и судскиот систем во државата изразија граѓани со кои разговараше Гласот на Америка. Нивните одговори покажуваат дека последниот корупциски скандал „Рекет“ ја намалил довербата во правниот систем.

Граѓанин од Охрид: „Нула. Никаква доверба немам. Каква што е ситуацијата, не знам што е добро. Човек веќе нема доверба во никого. Кога може обвинител да го направи тоа, што можам јас тогаш“.


Жител на Велес: „Во судството немам толку доверба, бидејќи правите лежат во затвор, а виновните се на слобода и криминалците“.

Жител на Охрид: „После сите овие случувања веќе не. Затоа што СЈО го направи тоа што го направи. И сега како да имаме доверба. И претходната влада и оваа влада, а имавме доверба, но некако тоа не се исполни“.

Жител на Охрид: „Многу сме разочарани и ништо повеќе нема што да кажам. Не знаеме за кого и како и што понатаму. Верувавме и очекувавме нешто подобро да биде, но ништо од тоа“.

Граѓанин на Битола: „Довербата во судскиот систем сè уште не е вратена. Треба уште многу да се работи за да се стекне таа. Разнишани се. Ниту судот функционира како што треба, ниту правобранителството, ниту јавниот обвинител“.

Некои други, пак, велат дека за сè има решение, а државата мора да оди напред.


Жител на Струга: „Направена е каша и можеби е потребна една тотална реформа на тој правен систем и поставување на неинволвирани млади луѓе да ја вратат сигурноста на граѓаните и вербата во правниот систем и во државата во целина. Огромен е бројот на тие луѓе. Сметам дека овие афери се производ на една клика која треба да замине од тој правосуден систем за да не се срами тој систем како целина“.

Жител на Струга: „Да се регулираат сите тие судски разврски што ги има. Јасно е владата и опозицијата дека имаат несогласувања и тоа треба еднаш да се реши. Ние како народ станавме политичари. Треба тие што се одбрани за таа работа, навреме да ги решаваат работите“.

Жител на Струга: „Последните работи што излегоа со Рекет се само уште еден поголем тек на проблемите во правосудството. Што побрзо се решат работите, толку подобро ќе биде. Судството и обвинителството мора да претрпат кадровски смени. Овие што се сега судии и обвинители не ми даваат никаква доверба дека и во иднина ќе бидат многу подобри од тоа што беа досега“.

Дел од лицата со коишто разговаравме сметаат и дека доколку институциите го решат случајот „Рекет“ со утврдување на вистината, тогаш може да се очекува враќање на довербата во судството и правниот систем.

XS
SM
MD
LG