Линкови за пристапност

Првпат после 284 дена: Ниту еден починат од Ковид-19


Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата, велат од македонското Министерство за здравство

Првпат после 2 септември 2020 година, во Северна Македонија не е регистриран ниту еден смртен случај од ковис-19, соопштија од Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од министерството, сепак, апелираат, дека битката со вирусот сè уште е далеку од завршена.

„Вирусот е далеку од победен, но оваа мала победа ни влева надеж дека сме се поблиску до ставање крај на агонијата. Сепак, мерките мора да продолжиме да ги почитуваме, а единствен начин да го намалиме бројот на жртви е масовно да се вакцинираме“, велат од министерството.


Според направените 3.068 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се осум нови случаи на ковид-19. Во Скопје се тројца заболени, во Тетово се двајца, и по еден нов случај во Велес, Кичево и во Охрид. Слична е бројката и на оздравени. Регистрирани се девет лица што ја добиле битката со вирусот и тоа три лица во Скопје и по едно во Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Свети Николе и во Ресен.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.536, бројката на оздравени пациенти е 149.628, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 437.

XS
SM
MD
LG