Не ни треба цвеќе, дајте ни права; Стоп за насилството врз жените; Стоп за дискриминацијата; Социјална правда; Еднакви можности во општеството.
Тоа беа дел од барањата што ги упатија неколкуте стотини учесници на денешниот протест во Скопје за родова еднаквост и за почитување на женските права, што се одржа под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.
„Оваа борба и овој ден е за сите нас и тоа за еднаков проистап до социјални и здравствени услоги, за еднаков пристап до јавен превоз и информации, за еднаков пристап на пазарот на трудот, за подеднаква грижа за децата и постарите членови во семејството, за политичко учество на жените во општеството. И за родова еднаквост којашто ќе биде видлива на секој чекор и во секое домаќинство и коешто ќе ги извади жените од сенка на невидливоста, еднаш засекогаш“, рече Јана Коцевска од Националната мрежа за заштита од дискриминација.
Во Владата, пак, денеска се одржа и дискусија и средба со претставнички од повеќе женски организации под мотото „Различни приказни, заедничка борба“.
„Пред се како жена која долги години е посветена на родовата еднаквост, сакам да Ви порачам, вам но и на сите жени, дека секогаш ќе стојам на страната на еднаквоста, на правдата, на концептот на едно општество за сите“, рече министерката за Труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
Премиерот Димитар Ковачевски, пак, рече дека Владата, меѓу другото, ќе се фоусира на заштита на жената од семејно насилство, како и на созавање можности за поголем економски напредок и економска независност на жените во македонското оппштество.
Facebook Forum