Линкови за пристапност

Пендаровски за протерувањето на рускиот дипломат: Случајот е документиран, не е импровизација


Министерството за надворешни работи утринава соопшти дека еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација е прогласен за непожелна личност во Република Северна Македонија

Информиран сум, од тоа што го видов, случајот беше документиран од надлежните институции, не стануваше збор за импровизација, изјави на прашање од Гласот на Америка претседателот Стево Пендаровски за протерувањето на рускиот дипломат.

Претседателот истакна дека рокот од седум дена за дипломатот да ја напушти земјата му бил даден од човечки аспект.

„Се водеше сметка и од човечкиот аспект, не само за дипломатската конвенција, да не биде тоа преку ноќ. Тие луѓе имаат и семејства и идруги интереси и нехумано е да постапуваме на таков начин“, додаде Пендаровски.


Како што денеска информира Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација е прогласен за непожелна личност во Република Северна Македонија.

На 14 мај во просториите на министерството бил повикан амбасадорот на Руската федерација, при што му била врачена нота со која се наложува дипломатот да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена.

XS
SM
MD
LG