Линкови за пристапност

Преку вело-училишта до поголема безбедност на децата во сообраќајот


Возењето велосипед е здраво, но може да биде и опасно ако не се почитуваат правилата. Дали децата се свесни за можните опасности? За да се избегнат непосакувани ситуации, ученици од повеќе од 30 општини, преку програмата „Вело-училишта“ учат како да бидат совесни учесници во сообраќајот

Дете на возраст од десет години има право да управува со велосипед и тоа во зони каде има возила. Така вели Законот за безбедност на сообраќајот. Но, дали децата се подготвени да се вклучат во сообраќај, макар и да се работи за маалски улички.

„Ни фали моментот за тие деца да бидат соодветно обучени како да излезат во сообраќај, а и нивните родители да бидат целосно запознаени со оваа ситуација, за потоа да можеме да ги пуштаме сами“, вели Никола Нешкоски, раководител на проектот „Вело училишта“.

Преку вело-училишта до поголема безбедност за децата во сообраќајот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00


За надминување на овој недостаток, пред две и пол години почна програмата „Вело-училишта“ на невладината организација „Еко логик“. Професионални инструктори ги учат децата како се управува велосипед, кои се неговите делови, но и најбитно од сè, кои се сообраќајните правила.


„Сакаме од мали нозе да го всадиме тоа кај децата, дека не само за возење автомобил има правила во сообраќај. И пешак, и велосипедист треба да се придржува кон одредени правила. Првенствено кон себе, а потоа и кон другите“, додава Нешкоски.

Во програмата се вклучени и 160 училишта од повеќе од 30 општини. Притоа наставниците се клучни за децата да ги стекнат неопходните знаења поврзани со велосипедот.

Тоа кај нив ја зголемува самодовербата. Не само како некој што знае да вози велосипед. Туку, сега ги знаат и сообраќајните правила.
Славица Несторовска Дамјанска, Одделенска наставничка во ОУ „Петар Поп Арсов“


Меѓу првите што се вклучило во оваа иницијатива е основното училиште „Петар Поп Арсов“ од општината Карпош во Скопје.

„Тоа кај нив ја зголемува самодовербата. Не само како некој што знае да вози велосипед. Туку, сега ги знаат и сообраќајните правила, сообраќајните знаци, како да ги почитуваат“, вели Славица Несторовска Дамјанска, Одделенска наставничка во „Петар Поп Арсов“.

Наставата воедно помогнала и кај самите родители, преку децата, да се развие и поголема еколошка свест.

„Им помогна на децата, нормално, заедно со наставниците и родителите, да научат дека велосипедот е превозно средство до училиште и назад. Кај нас родителите до сега не беа многу свесни дека можат да ги пуштат децата со велосипед на училиште. Во секое училиште постои паркинг, каде тие можат да ги паркираат велосипедите“, додава Несторовска Дамјанска.

Најранлива зона преку која учениците треба да дојдат од својот дом до училиштето. Нам тука ни е окупиран јавниот простор. Таму има најголема потреба за креирање велосипедски патеки.
Никола Нешкоски, Раководител на проект „Вело училишта“


Сепак, во истражувањето спроведено во рамките на проектот се увидело дека сериозен проблем е што нема пристапни велосипедски патеки токму околу самите училишта.

„Најранлива зона преку која учениците треба да дојдат од својот дом до училиштето. Нам тука ни е окупиран јавниот простор. Таму има најголема потреба за креирање велосипедски патеки или за ограничување на сообраќај, каде што детето и да е на самата улица, да биде обележано и безбедно за детето да вози“, истакнува Нешкоски.


Велосипедската едукација засега се одвива како вонучилишна активност. Искуството на наставниците, покажало дека потребата од такви активности е голема.

„Им треба на децата во ова време кога се затворени и пред компјутери да научат нешто ново и поразлично, нешто каде што ќе можат тие да бидат свои. Вон училишните активности се нешто што тие сакаат да го прават и да учествуваат во најразлични активности. Тоа што го интересира детето, тоа ќе го развие“, укажува наставничката Несторовска Дамјанска.

Како што се наближува летото, така сè повеќе деца ќе бидат на улиците со своите велосипеди. Возете внимателно, тие и натаму се најранливата категорија.

XS
SM
MD
LG