Линкови за пристапност

Европските „Пријатели за проширување“ најавуваат датум за преговори во март


Европски шефови на дипломатиите најавуват датум за преговори во март
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Европски шефови на дипломатиите најавуват датум за преговори во март

Шефовите на дипломатиите на Полска, Летонија, Литванија и вториот човек во естонското МНР од т.н. група „Пријатели за проширување“ повторија дека ќе „притискаат“ на претстојниот состанок во Брисел

Тројца министри и еден заменик-министер на четири земји-членки на Европската унија денеска во Скопје испратија заедничка порака – дека земјава треба што е можно поскоро,веќе во март, да добие одлука за старт на пристапни преговори.

Шефовите на дипломатиите на Полска, Летонија, Литванија и вториот човек во естонското МНР, чии земји се дел од т.н група „Пријатели на проширување“, два дена по објавувањето на извештајот и обновената препорака на ЕК до земјите-членки дека Македонија треба да почне преговори повторија дека ќе „притискаат“ на претстојниот состанок во Брисел.

„Овде сме за да ја покажеме поддршката за почеток на преговори во ЕУ, за кои се надеваме дека ќе почнат веќе во март. Тогаш ќе се одржи министерски состанок и мојата земја ќе турка за позитивна одлука“, рече Едгарс Ринкевич, министер за надворешни работи на Летонија.

Сличен став изрази и полскиот министер за надворешни работи, Јацек Чапутовиќ.

„Се надевам дека ЕУ наскоро ќе реши да отвори преговори за членство на Северна Македонија и Албанија. Сметаме дека ЕУ им должи на овие земји одлука да ги прими во ЕУ, тоа е долг кон општеството, кон граѓаните“, рече Чапутовиќ.

На ист став и нивниот колега од Литванија, Линас Линкевичиус.

„Не сме дојдени само за да ве поддржиме и да покажеме солидарност, туку и да порачаме дека можете да сметате на нас и во иднина зашто со долги години ве сметаме за дел од евроатлантското семејство и тоа треба да биде не само де факто, туку и де јуре“, рече Линкевичиус.

Извештајот на ЕК потврди дека Македонија испорача, сега на ред е Унијата, изјави Никола Димитров.

„Една јасна, опиплива, одржлива одлука за почеток преговори“, рече Димитров.

Впечатокот е дека Париз можеби попушта во тврдиот став.

„Франција ќе ја донесе својата одлука за Северна Македонија и Албанија врз основа на проценката на Европската комисија за спроведените реформи“, беше одговорот на државната секретарка за европски прашања Амели де Моншалан даден пред објавувањето на извештајот, на пратеничко прашање за позицијата на Франција за отворање на преговорите на ЕУ со овие две земји.

XS
SM
MD
LG