Линкови за пристапност

Култура во време на вонредна состојба: Бесплатни претстави, изложби, проекции преку интернет


Културата во време на вонредна состојба: Претстави, изложби, проекции преку интернет
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:48 0:00

Културата во време на вонредна состојба: Претстави, изложби, проекции преку интернет

Театрите ги нудат своите претстави, Кинотека на Македонија, сподели со јавноста дел од својата архива со домашни филмови, а Археолошкиот музеј има нова тридимензионална изложба

Театарските и кино салите се затворени, а публиката остана дома. Но ,сега со само еден клик на интернет, омилените претстави и домашни филмови можат да се погледнат бесплатно. На својот „Јутуб“ канал Македонскиот народен театар, секоjдневно објавува театарска претстава од нивниот репертоар, откако на сила е препораката за неизлегување од домовите, поради ширењето на корона вирусот.

И хит претставата "Балканска 3а/2" од Дејан Дуковски, во изведба на актерите на Народниот театар од Охрид, може да се види на интернет.

Ќе имаме и други наши претстави кои ќе ги ставиме во наредниот период. Се надевам дека сето ова ќе заврши брзо и ќе се нормализира начинот на живеење и ќе можат љубителите на театарот повторно да дојдат во нашата институција и да ги следат претставите
Горан Симоноски, директор на Центарот за култура во Охрид


„Имаме ние љубители на театарот од Охрид и пошироко. Има интерес. Го отвораат линкот, ја следат претставата. Ќе имаме и други наши претстави кои ќе ги ставиме во наредниот период. Се надевам дека сето ова ќе заврши брзо и ќе се нормализира начинот на живеење и ќе можат љубителите на театарот повторно да дојдат во нашата институција и да ги следат претставите“, вели Горан Симоноски, директор на Центарот за култура во Охрид.

Во меѓувреме Кинотека на Македонија, сподели со јавноста дел од својата архива со домашни филмови кои публиката веќе може да ги види на овој начин.

Археолошкиот музеј на Северна Македонија пак нуди несекојдневна виртуелна прошетка низ изложбата „100 години Требеништа“. Од 18 март од како е поставена истата ја виделе повеќе од 4.000 посетители.

„Ни на крај памет не ни паѓаше дека баш во вакви околности ќе ја промовираме. Изложбата може да се посети, така што покрај секоја витрина се изработени посебни маркери, кои кога ќе ги стиснете, се појавува прозорец во кои може да видите фотографија на самиот артефакт во добра резолуција, во добар квалитет и да прочитате некои основни информации, што претставува самиот, од што материјал е изработен“, вели Перо Арџанлиев, кустос во Археолошкиот музеј.

Ни на крај памет не ни паѓаше дека баш во вакви околности ќе ја промовираме. Изложбата може да се посети, така што покрај секоја витрина се изработени посебни маркери, кои кога ќе ги стиснете, се појавува прозорец во кои може да видите фотографија на самиот артефакт во добра резолуција
Перо Арџанлиев, кустос во Археолошкиот музеј


Изложени се 413 артефакти од некрополата во Требениште, кај Охрид, меѓу кои и познатите златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија.

На оние пак кои им недостасуваат полни сали и концерти, охридската група The Backdoor Band, се погрижи за тоа. Тие одржаа концерт во живо преку интернет.

„Целта беше да се овозможи некаков вид на забава, во услови кога нема забавен живот низ Македонија поради состојбата со корона вирусот и да се задржи позитивниот дух и мисла кај луѓето. Реакциите беа позитивни, идејата беше добро прифатена, а со тоа мислам дека и целта беше исполнета“, вели Жарко Јакимоски, вокалист на The Backdoor Band.

XS
SM
MD
LG