Разногласието на релација влада - МВР дојде до јавното обвинителство - оваа институција потврди дека ќе ги проверува наводите изнесени од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев дека владата незаконски поништила негови решенија за распоредување.
„Основното јавно обвинителство информира дека ќе провери дали има неправилности кои би упатиле на извршено кривично дело кое се гони по службена должност. Надлежниот јавен обвинител поднесе барање до Владата на РСМ за обезбедување на потребните податоци и писмени докази кои се однесуваат на наводите“, соопшти обвинителството кое проверува и пријава против самиот Чулев поднесена од неговата заменичка за истиот случај на распоредувања во структурата на МВР.
Друг проблем што покажува дека оваа пржинска влада не функционира како што треба е и неможноста за издавање нови пасоши зашто нема обрасци на залиха.
Сите овие работи ги наследив поради нестручното однесување на претходниот министер Спасовски. Затоа имаше интерна истрага и следеше кривична пријаваНаќе Чулев
Наместо решение, јавноста во изминатите денови слуша обвинувања меѓу премиерот и екс-министер Спасовски и актуелниот шеф на МВР, Чулев кои се дел од една иста влада.
„Јас сум министер еден месец, сите овие работи ги наследив поради нестручното однесување на претходниот министер Спасовски. Затоа имаше интерна истрага и следеше кривична пријава. Работиме да го надминеме проблемот“, изјави Чулев.
Оливер Спасовски, пак, со контра-одговор.
Веќе месец и пол функционира оваа влада и само пред една недела добива информација дека има проблем со издавање на пасоши, тогаш тоа зборува дека проблемот е на друго местоОливер Спасовски
„Јас сум тука, истражните органи нека проверат. Нека ги проверат сите аспекти“. „Веќе месец и пол функционира оваа влада и само пред една недела добива информација дека има проблем со издавање на пасоши, тогаш тоа зборува дека проблемот е на друго место, бараме одредено решение и се надевам дека ќе успееме во тоа“, рече Спасовски.
Чулев не е единствен министер во оваа влада со кој Спасовски има проблем. Рашела Мизрахи, која како и Чулев е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, беше разрешена од функцијата труд и социјала зашто избегнуваше да го користи името Северна Македонија и држеше прес-конференции пред пано на кое стоеше старото уставно име.