Линкови за пристапност

После најавата за избори: Заев убеден во триумф, опозицијата гледа шанса за негова смена


Кој ќе биде новиот технички премиер?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Премиерот смета дека, како што ги нарече, постигнувањата на неговата влада во изминатите две години се доволен аргумент за пред граѓаните да бара нов мандат

Премиерот Зоран Заев е уверен во триумф на парламентарните избори догодина. Премиерот смета дека, како што ги нарече, постигнувањата на неговата влада во изминатите 2 години се доволен аргумент за пред граѓаните да бара нов мандат.

„Јас побарав нов чист мандат за да може да продолжат реформите. Законот ќе го испочитуваме, ќе се формира технички влада, која ќе стапи на должност, според пресметките, на 3 јануари 2020“, рече Заев.

Кој ќе биде технички премиер што треба да ги спроведе изборите, Заев вели дека се уште не знае зашто е рано и има време до 3 јануари. Опозицијата го тврди спротивното – дека социјалдемократите на 12 април ќе паднат од власт.

Наша определба е сè повеќе да покажуваме колку историска грешка беше направена и се надеваме дека таа час поскро ќе се промени
Зоран Заев


„На 3 јануари му завршува криминално-политичката кариера на Зоран Заев. Зоран Заев паѓа од власт и тоа е реалност, исто како што вртоглаво и паѓаат рејтинзите на анкетите на Заев и СДСМ. Не чека Обнова на Македонија и таа ќе се случи после 12 април од страна на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Обнова на Македонија“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Дел од земјите-членки на Унијата, неуспехот во Брисел за одредување датум за преговори што и доведе до договор за предвремени избори во земјава, се обидуваат да го реактуелизраат прашање на наредните состаноци на шефовите на дипломатиите. Една од најгласните е Италија која ќе ја посети премиерот Заев.

Од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската Унија. За ова да успее, мораме да се држиме до нашите ветувања
Соопштение од Германска амбасада


„Секоја иницијатива што ќе придонесе за намалување на горчината кај нашите граѓани јас ја поддржувам и веднаш ја прифатив поканата на италијанскиот премиер Конте. Веројатно ќе разговараме за таа идеја – Италија има иницијатива на следниот министерски состанок да се отвори ова прашање. Наша определба е сè повеќе да покажуваме колку историска грешка беше направена и се надеваме дека таа час поскро ќе се промени“, истакна Заев.

Денеска за ова прашање се огласи и Германија преку нејзината амбасада во Скопје повторувајќи дека отворањето преговори со Македонија останува „суштинско прашање на безбедноста и стабилноста во Европа“.

„Од заеднички европски интерес е да се интегрираат државите од Западен Балкан во Европската Унија. За ова да успее, мораме да се држиме до нашите ветувања, европската перспектива на овие земји заедно да ја спроведеме“, се вели во соопштението на германската амбасада.

XS
SM
MD
LG