Линкови за пристапност

Помпео и Пендаровски се слушнаа телефонски: Поддршка од САД за справувањето со Ковид-19 и честитки за членството во НАТО


Во денешниот телефонски разговор, државниот секретар на САД, му го честитал на Пендаровски членството на Северна Македонија во НАТО, како и одлуката на ЕУ за отворање на пристапните преговори

Честитки за членството во НАТО, како и ветување за понатамошна поддршка за справување со Ковид-19 изразил американскиот државен секретар Мајк Помпео во денешниот телефонски разговор со македонскиот претседател Стево Пендаровски, соопшти Стејт департментот на САД.

Во разговорот, како што се вели во соопштението од Стејт департментот, Помпео изразил честитки и за одлуката на Европската унија за отворање на пристапните преговори за членство што, како што се истакнува во соопштението, ќе придонесе за стабилност и напредок на регионот.

Во разговорот, како што се вели во соопштението од Стејт департментот, Помпео изразил честитки и за одлуката на Европската унија за отворање на пристапните преговори за членство


За телефонскиот разговор соопшти и кабинетот на претседателот Пендаровски, од каде се вели дека справувањето со Ковид-19, последните случувања во регионот, со посебен осврт на прашањето на Косово, биле дел од темите на кои што бил повикот.

„Претседателот Пендаровски од името на граѓаните на Република Северна Македонија и од свое лично име изрази сочувство за смртта на над 50.000 американски граѓани како последица на Ковид-19 и изрази солидарност со американскиот народ“, информираа од претседателскиот кабинет.


Двајцата соговорници размениле информации за актуелните состојби околу справувањето со пандемијата, при што претседателот Пендаровски изразил благодарност до државниот секретар Помпео за досегашната американска помош за справување со вирусот, која изнесува над еден милион американски долари.


Пендаровски истакнал дека помошта е потврда за солидарноста и пријателството на двете држави во време на сериозни предизвици со кои се соочува целокупното човештво.

„Пендаровски му се заблагодари на секретарот Помпео за честитките за членството на Северна Македонија во НАТО, како и за целокупната американска поддршка и посебно на американската дипломатија, во исполнувањето на оваа стратешка цел“, се наведува во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

XS
SM
MD
LG