Линкови за пристапност

Ѓердан од Охридски бисери за сопругата на Помпео


На државниот секретар, Мајк Помпео, пак, му бил подарен чибук со Охридски Бисер и манжетни

Подарок ѓердан и обетки со Охридски бисери доби Сузан Помпео сопругата на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, кој денеска беше во посета на Северна Македонија. Подарокот таа го доби од семејството Филеви кои го изработуваат препознатливиот Охриски бисер.


„Се запознаа со техниката, богатата музејска содржина, традицијата, историјата преку вештините на дел од изработката на овој редок занает, како посебен културен елемент на Охрид“, рече Михајло Филев, изработувач на Охридски бисер.

На државниот секретар, пак, му бил подарен чибук со Охридски Бисер и манжетни.

Помпео денеска беше во прва историска посета на Охрид и Северна Македонија, каде имаше средба со политичкиот врв.

XS
SM
MD
LG