Линкови за пристапност

Во ек на меѓусебни трговски тензии, Индија и САД ќе ги зацврстуваат односите


Американскиот државен секретар Мајк Помпео идната недела ќе замине во посета на Њу Делхи. Тоа ќе биде и прва средба на високо ниво откако индискиот премиер Нарендра Моди победи на тамошните избори

Односите со САД се позитивни, истакна индискиот министер за надворешни работи во пресрет на посетата на американскиот државен секретар Мајк Помпео на Њу Делхи.

Посетата на Помпео е закажана за 25 јуни и нејзината цел, како што е најавено, е да го зацврсти стратешкото партнерство меѓу двете земји. Тоа ќе биде и прва средба на високо ниво откако индискиот премиер Нарендра Моди победи на тамошните избори.

Сепак, посетата се случува и во ек на растечки трговски тензии меѓу двете земји, откако Вашингтон се реши да ги укине трговските повластувања за Индија. На тоа Њу Делхи одговори со повисоки царини за 28 американски трговски стоки.

Претставувајќи го извештајот за растечките превирања на трговскиот фронт, портпаролот на индиското министерство за надворешни работи истакна дека и покрај несогласувањата, вкупната меѓусебна трговија пораснала на 150 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG