Линкови за пристапност

Херој од соседството: Скопјанецот Драган им купува храна на постарите лица


Херој од соседството: Скопјанецот Драган им купува храна на постарите лица
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Херој од соседството: Скопјанецот Драган им купува храна на постарите лица

Драган, пред воведувањето на вонредната состојба, на огласната табла во зградата каде што живее поставил лист хартија на кој пишува дека стои на располагање за пазарење и исфрлање на сметот од домовите

Скопјанецот, Драган Ѓурчевски се решил самоиницијативно да им помага на своите постари соседи од маалото каде што живее во време кога во државата владее вонредна состојба. Тој на лист хартија на влезот од зградата напишал дека им стои на располагање за пазарење и исфрлање смет од домовите.

Овој негов гест беше повод да разговараме со него.

Глас на Америка: Драган ти си еден од оние кои во оваа ситуација на корона вирус во земјава, се реши да им помагаш на оние кои не можат да си купат намирници и сами да си платат сметки. Зошто се одлучи на овој чекор, дали има интерес помеѓу твоите соседи?

Ѓурчевски: До идејата дојдов многу едноставно бидејќи и моите родители живеат на 200 метри од мене и често пати во овој период одам до најблиските маркети и аптека да им купам некои основни продукти. Па си реков зошто да не кога сум во домашна изолација со децата, да не помогнам и на моите соседи овде во зградата. Се работи за Капиштец, населба во Скопје, која е една од постарите населби. И сигурен сум дека една третина од влезот е со луѓе кои се постари со над 60 години. Напишав долу на огласната табла и веќе со неколку од соседите во неколку наврати се договараме да им купам дел од најосновните продукти во најблиските маркети или некои лекови од аптека.

Доста и од соседите што ме сретнуваат го поздравуваат потегот. Јас им велам, ајде заедно да помагаме и во другите влезови. Така да општо е прифатливо.

Глас на Америка: Се почна од поставување на еден обичен лист на влезот од зградата?

Ѓурчевски: Да рачно напишано на огласната табла, каде се поставуваат оние работи кои се за информирање на соседите. Тоа го направив една вечер, пред да започне вонредната состојба. Веќе вториот ден имав повик во периодот кој јас го одредив, бидејќи оставив само два часа во денот, бидејќи сум со семејство и со деца. Првата нарачка беше во основни продукти за исхрана.

Глас на Америка: Иако е неблагодарно, се чувствуваш ли како херој на ова време?

Ѓурчевски: „Па не се чувствувам како херој. Херој? Дај боже да има повеќе такви, да помогнеме во овие тешки моменти, бидејќи ова не е ни малку наивна работа. Ова е пресериозна работа и треба да помогнеме секаде онаму каде што можеме да помогнеме, бидејќи постојат и постари луѓе, кои можеби немаат помлади членови во семејството и затоа треба да има што повеќе вакви луѓе. Се надевам дека и други ќе го следат овој пример, за да можеме да помогнеме на што повеќе луѓе, не само во оваа населба во Скопје туку и во цела Македонија.

XS
SM
MD
LG