Линкови за пристапност

Парцијална победа во борбата за искоренување на полио вирусот


Границата меѓу Пакистан и Авганистан, каде луѓето постојано поминуваат слободно, е областа каде вирусот и натаму се шири

Два од три вида на полио вирусот се искоренети, соопштено е денеска од Женева по повод Светскиот ден на борбата против болеста. Кампањата започнала во 1988. Болеста уште ја има во Пакистан и Авганистан.

Меѓународните напори дадоа резултат на намалување на бројот на случаите за 99.9%. Нигерија го имаше последниот случај пред повеќе од три години, така што цела Африка се смета ослободена од полио.


За голема победа се смета и фактот што од три видови на вирусот на полио, неделава е објавено дека постои само еден. Границата меѓу Пакистан и Авганистан, каде луѓето постојано поминуваат слободно, е областа каде вирусот и натаму се шири и двете држави се сметаат за еден епидемиски блок, според Светската здравствена организација. Нагласено е дека голем проблем е што Талибан поставил ограничувања за вакцинирањето да биде вршено само во центри за имунизација, забранувајќи секоја друга локација.

Во кампањата за искоренување на болеста се вклучени Ротари Интернешенал, УНИЦЕФ, СЗО, Центрите за контрола на болести, Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс заедно со локални и федерални влади.

XS
SM
MD
LG