Се запали катедралата Нотр Дам во Париз. Пламени јазици се видливи од покривот на катедралата, а зафатена е и една од куполите.
Засега не се познати причините за пожарот. Француски медиуми објавуваат дека пожарот почнал во поткровјето и се проширил кон покривот.
Катедралата е стара повеќе од 850 години.