Линкови за пристапност

АПЕК: Договорена помош за електрификација на Папуа Нова Гвинеја


САД, Јапонија, Нов Зеланд и Австралија договорија помош за електрификација на 70 проценти од Папуа Нова Гвинеја до 2030 година.

Договорот беше потпишан на средбата меѓу земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) што се одржа во Порт Морзби, главниот град на Папуа Нова Гвинеја.

Во името на САД се обрати Мајк Пенс, американскиот потпретседател.

„Верувам дека народот на Папуа Нова Гвинеја ја гледа решителноста на земјите што се присутни овде, како и на САД, да донесат посветла иднина за оваа земја“, рече Пенс.

Договорот се смета за одговор на Западот кон сè понагласеното кинеско влијание во земјите на јужниот пацифички регион.

XS
SM
MD
LG