Линкови за пристапност

Имран Кан ново лице на Пакистан


Главните партии коментираат дека изборите биде лажирани, изборната комисија ги отфрла ваквите тврдења

Пакистанската изборна комисија објави дека поранешната спортска ѕвезда која заплови во политиката, Имран Кан е победник на парламентарните избори, но не успеа да освои доволно гласови за да осигури мнозинство и ќе мора да формира коалициона влада.

Објавата доаѓа само неколку часа откако Кан објави дека неговата партијата е победник на изборите. Во телевизиско обраќање по победата, тој се заложи дека ќе ја сузбие сиромаштијата и ендемската корупција во владеењето во земјата.

Неговата партија освои многу подобар резултат од главниот ривал, поранешниот осуден премиер Наваз Шариф.

Речиси сите главни политички партии изразија незадоволство дека изборите се местени и лажирани во корист на Кан, но независната изборна комисија на Пакистан ги отфрли ваквите тврдења.

Првиот човек на изборната комисија Сардар Мохамед Раза го бранеше изборниот процес како фер и слободен. „100 процентно транспарентни и фер избори“ изјави Раза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG