Линкови за пристапност

Посветен сум да ги решам проблемите со менаџментот на Агенцијата за глобални медиуми, рече директорот Пек


Група сенатори и конгресмени изразија загриженост за неговите постапки, велејќи дека ќе се доведе во прашање професионалното новинарство, ако се наруши уредувачката независност

Директорот на Агенцијата за глобални медиуми Мајкл Пек, рече дека е посветен на решавање на проблемите со менаџментот на Агенцијата, преземајќи тешки и значајни одлуки.

Претходно, двопартиска група сенатори изразија загриженост за неговите постапки.

Писмото објавено на осми јули, до кое дошле Асошиетед прес и Си-ен-би-си, е одговор на реакцијата на сенаторите, кои изјавија дека Пек делувал без да го извести Конгресот и да се консултира со него, и оти неговата одлука да ги отпушти директорите на владините агенции, покренува сериозно прашање за нивната иднина, меѓу кои и на Гласот на Америка.

„Претседателот, американските граѓани и Сенатот побараа од мене да направм цврсти и значајни промени. Јасно кажав дека сум посветен на решавање на проблемите со менаџментот, кои се широко познати“, рече Пек, додавајќи дека се заложил да ја штити независноста на новинарите.

„Преку точно и веродостојно известување, треба да им ја кажеме вистината на оние кои се гладни за неа“, додаде Пек.

Дополнително, група 11 демократи од Претставничкиот дом, испратија писмо со кое изразија длабока загриженост за отпуштањето на квалификувани лидери, велејќи дека ќе се доведе во прашање професионалното новинарство, ако се наруши уредувачката независност.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG