Линкови за пристапност

Оскари 2019: „Зелената книга“ прогласен за најдобар филм


Дуетот на Лејди Гага и Бредли Купер во музичкиот дел од церемонијата предизвика најголем впечаток кај публиката во театарот, но и на социјалните мрежи

Раскош, гламур, емоции, како и по малку патетика имаше синоќа на доделувањето на оскарите во театарот Долби во Лос Анџелес.

Дуетот на Лејди Гага и Бредли Купер во музичкиот дел од церемонијата предизвика најголем впечаток кај публиката во театарот, но и на социјалните мрежи во САД.

Во делот со наградите, пак, најбитното признание го доби „Зелената Книга“ на режисерот Питер Фарели, кој беше прогласен за најдобар филм.

Големи беа очекувањата и за филмот „Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој освои оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

Мексиканскиот филм ги освои и битните оскари за најдобра режија и за најдобра кинематографија.

Младиот Реми Малек го освои оскарот за најдобра главна машка улога во филмот „Боемска рапсодија“, каде го глуми пејачот Фреди Меркјури. Оскарот за најдобра актерка, пак, отиде во рацете на Оливија Колман за главната улога во филмот „Фаворитката“.

Оскарот за најдобра актерка во споредна улога отиде кај Реџина Кинг, оскарот за најдобар актер во споредна улога му припадна на Махершала Али за улогата во филмот „Зелената книга“.

Лејди Гага, пак, го освои оскарот за најдобра песна, за нумерата „ Shallow“ во филмот во кој таа глуми со Бредли Купер.

XS
SM
MD
LG