Линкови за пристапност

Опозицијата се премисли, останува во Собранието


Опозицијата останува во Собранието
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

Опозицијата останува во Собранието

На синоќешната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сепак решил пратеничката група да остане во собранието до неговото распуштање

Опозицијата останува во Собранието и покрај вчерашните закани дека е можно да ја напушти работата на парламентот поради нераспуштањето на законодавниот дом, како и поради туркањето на законот за јавно обвинителство.

На синоќешната седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ сепак решил пратеничката група да остане во собранието до неговото распуштање.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе го следи развојот на ситуацијата и ќе реагира во одбрана на демократијата, интересите на граѓаните и државата“, се вели во партиското соопштение. Ниту портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ не ги дообјасни аргументите зошто вака решило партиското раководство.

„Имаше партиско соопштение во кое се објаснува за што се разговарше, најмногу време се потроши на политичката ситуација, вклучително и онаа во собранието“, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен законот за обвинителство друг политички проблем меѓу власта и опозицијата е барањето на техничкиот премиер Спасовски до спикерот Џафери на првата собраниска седница на дневен ред да се стави точка за разрешување на министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи, кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Смешно е заради една табла да се бара смена на министерка. Наместо да бара да се повлече Мизрахи, Спасовски да побара повлекување на министерот Венко Филипче, или пак на оние луѓе вмешани во криминали, како што и самиот Спасовски е вмешан во криминали. Ние имаме кадар кој е професионален“, додаде Арсовски.

„Можам да правам компромис и да разговараме за политички теми, можеме да бараме решенија за тие теми, но да правам компромис за почитување на Устав и на закон и посебно на министер што даде свечена изјава пред Собрание дека ќе го почитува Уставот и законот, тоа нема да се случи“, рече техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Мизрахи неколкупати настапи пред пано во инстутицјата со која раководи на кое стоеше старото уставно име, за што следеше и остра реакција од Грција дека станува збор за кршење на Преспанскиот договор, документот кој ја деболкираше евроатлантската интеграција на земјата.

XS
SM
MD
LG