Линкови за пристапност

Спортување во време на пандемија: Атлетичари од сопствениот двор поминуваат по стотици километри на онлајн трки


Спортување во време на пандемија: Атлетичари од сопствениот двор поминуваат по стотици километри на онлајн трки

Во време на строги карантински мерки, љубителите на спортот и трчањето најдоа уникатен начин да се натпреваруваат - трчаат во сопствениот двор, а конкуренти им се атлетичари од целиот свет

Тоа што маратоните заради коронавирусот се откажуваат, не значи дека љубителите на спортот не можат да се натпреваруваат. Вљубениците во трчањето најдоа уникатен начин да се натпреваруваат.

„Постојат трки, кои се повеќе од индивудуално вежбање - понекогаш во дворот на тркачот. Онлајн трките стануваат се' повеќе популарни и голем број платформи им овозможуваат на тркачите да се регистрираат. Ран Сајнап е една од нив.

„Голем број трки се претвораат во виртуелни трки или се организираат нови вакви виртуелни настани - многу повеќе од порано. Причината е што луѓето бараат начини да останат активни и да се собираат“, вели Џоан Гуд.

Виртуелните трки не се новина - тие им овозможуваат на учесниците да поминат одредено растојание во одредено време и место и потоа да ги споделат резултатите. Нивниот напредок може да се следи со апликација поврзана со Глобалниот систем за позиционирање или GPS.

Откако ќе ја завршат трката, ги испраќаат своите резултати до организаторите, по што тие ги објавуваат победниците и ѝм испраќаат медали и подароци.

Со регистрирањето за оваа трка прибираме средства за глобалниот фонд за помош во борбата против коронавирусот. Досега имаме собрано 18.400 долари донации. Тоа е една цел. Друга работа е што дел од приходите од трката ги користиме како грантови за мали бизниси
Портер Братен, Организатор на онлајн трки


Портер Братен повеќе од 12 години организира трки во државата Вашингтон. Кога трките и маратоните беа откажани поради пандемијата на коронавирусот, тој одлучил да организира трки на интернет. Така се појави неговата добротворна организација, наречена Трка со социјална дистанца.

„Со регистрирањето за оваа трка прибираме средства за глобалниот фонд за помош во борбата против коронавирусот. Досега имаме собрано 18.400 долари донации. Тоа е една цел. Друга работа е што дел од приходите од трката ги користиме како грантови за мали бизниси. Тркачите можат да номинираат мали бизниси на кои им е потребна помош“, вели Братен.

Мајкл Вардијан е еден од тркачите и спортисти кои не сакаат да се откажат од својата страст. На карантинската ултра трка тој беше најбрз меѓу 2300 тркачи од 65 земји.

Овој жител на Арлингтон, Вирџинија, трчаше цели 2,5 дена со што помина 422 километри, практично кружејќи околу неговата куќа.

„Имав можност да трчам скоро 500 трки од една милја до оваа трка во дворот на 50 чекори од мојата куќа.“, вели Вардијан.

Но, не сите спортисти се искусни професионалци. Непрофитна организација наречена Здрава детска тркачка серија организира онлајн трки за млади - од 2 до 14 години.

„Ние привлекуваме деца на кои можеби им недостасува самодоверба или пак можеби имаат прекумерна тежина. Програмата им овозможува да ја истрчаат својата трка и да доживеат успех“, објаснува Џеф Лонг,​ организатор на детски трки.

Програмерите на апликации преку Интернет велат дека повеќедневните трки добиваат на популарност во последно време и дека без оглед колку луѓето биле заинтересирани за спортот пред пандемијата, дефинитивно сега ова е хит.

XS
SM
MD
LG