Линкови за пристапност

Објавена снимка: Ирански воен брод отстранува мина од нападнатите танкери


Видеото покажува дека екипажот од иранскиот патролен брод ја отстранува мината од јапонскиот танкер, додека норвешкиот е веќе во пламен

Американската морнарица објави снимка на која се гледа како ирански патролен брод отстранува неексплодирана мина од еден од танкерите што во четвртокот беа нападнати во Оманскиот залив.

Еден од танкерите бил норвешки, а вториот бил во сопственост на јапонска компанија. Снимката покажува дека екипажот од иранскиот патролен брод ја отстранува мината од јапонскиот брод, додека норвешкиот е веќе во пламен.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран за инцидентот.

„Оваа проценка се темели на разузнавачки сознанија, на оружјето што е употребено, како и нивото на искуство што е потребно за да се изведе таква операција. Во регионот нема одметничка групација со капацитет за да изведе нешто толку софистицирано. Ова е само уште еден од многуте напади иницирани од Иран, против американските сојузници“, рече Помпео.

XS
SM
MD
LG