Линкови за пристапност

Нападнати танкери во Оманскиот залив, евакуирани повеќе од 40 морнари


Петтата флота од морнарицата на САД, стационирана кај Бахраин соопшти дека повиците за помош од танкерите ги добиле во период од еден час

Американската воена морнарица испратила помош после повикот од два танкера кои, како што се соопштува, биле нападнати во Оманскиот залив.

Петтата флота од морнарицата на САД, стационирана кај Бахраин соопшти дека повиците за помош од танкерите ги добиле во период од еден час.

Иранската државна новинска агенција, ИРНА, пак, соопшти дека воената морнарица на Иран спасила 44 лица од танкерите, како и дека двата брода биле во пламен.

Оманскиот залив е во близина на Ормудскиот теснец, стратешка морска точка преку која се врши транспортот на сирова нафта.

Минатиот месец САД го обвинија Иран дека употребил водени мини во напад врз четири танкери за нафта во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Иран ги отфрли обвинувањата.

XS
SM
MD
LG