Линкови за пристапност

Охридски бербер бесплатно ги услужува сиромашните сограѓани


Охридски бербер бесплатно потстрижува стари и социјално загрозени лица
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Охридски бербер бесплатно потстрижува стари и социјално загрозени лица

Потегот на берберот Неат Алим Шогун наиде на голем интерес во јавноста и очекува истиот да го следат и другите негови колеги

Во берберницата на охридскиот бербер, Неaт Алим-Шогун, која се наоѓа во старата турска чаршија во Охрид, од неодамна бесплатно можат да се потстрижат сите оние кои немаат доволно средства за тоа.

Идејата да им се излезе во пресрет на социјално ранливите категории граѓани се родила сосема случајно. Вели дека на овој начин и младите практиканти кои го учат овој занает, ќе имаат можност уште подобро да ги совладаат неговите вештини.

Се срамат луѓето да го кажат тоа, но ние како бербери знаеме дека се во таква положба и ќе ги викнеме или за кратење на брадата бидејќи тие луѓе немаат услови за лична хигиена
Алим Шогун


„На мене и на мојот практикант Емин во овој дуќан, спонтано ни дојде таа идеја, да преземеме иницијатива еден ден во неделата, да одвоиме по три часа, да дојдат и да се потстрижуваат бесплатно. Се срамат луѓето да го кажат тоа, но ние како бербери знаеме дека се во таква положба ќе ги викнеме или за кратење на брадата бидејќи тие луѓе немаат услови за лична хигиена“, вели Алим-Шогун.

Реакциите во јавноста биле позитивни. Секојдневно добивал пораки со поддршка и преку социјалните мрежи. Но неговите планови не застануваат овде.

„Во охридскиот дел односно во Дебарца има многу недостапни места каде луѓето живеат во селата, оддалечени од градот околу триесеттина километри. Има таму стари луѓе кои не се во можност да доаѓаат во Охрид на потстрижување, а имаат потреба од тоа. Ние ќе се организираме од овој дуќан и ќе одиме во тоа села и ќе им направиме една таква услуга бесплатно“, вели Неат.

Голем е бројот на лица кои имаат потреба од ваква помош. Во Црвениот крст на Охрид се регистрирани повеќе од 500 семејства од социјален ризик, иако нивниот број е многу поголем. Од таму велат дека преку најразлични активности и хуманитарни настани собираат средства за помош на ранливите категории граѓани. Им се помага и со хуманитарни пакети и облека.

„Во текот на целата година овие лица можат да се обратат до нас, ако им се потребни и здравствени услуги во однос на купување на лекови или доколку имаат потреба од одење во Скопје или Битола на операција и им е потребна автобуска карта. Ние ги опслужуваме и им ја купуваме автобуската карта“, рече Кристина Стевоска од Црвениот крст од Охрид.

Берберот Алим вели дека со овој негов чекор сака да ги охрабри и останатите негови колеги.

„Се надевам дека оваа добра иницијатива, како добар пример ќе ја прифатат и останатите берберници не само во Охрид туку и во нашата држава и надвор од нашата држава“, истакнува Алим.

Тој вели дека во изминатите повеќе од дваесет години работа, низ неговите раце поминале илјадници граѓани. Иако се среќавал со разни ситуации, секогаш се обидувал да им помогне толку колку што може и на оние што немаат.

XS
SM
MD
LG