Преку ден полни плажи со капачи, а навечер гужви низ чаршијата и локалните ресторани.Иљадници домашни гости го запоседнаа Охрид, иако градот ја живее најслабата туристичка сезона досега поради корона вирусот.
Ги нема странските туристи, па сместувачките капацитети ги наполнија граѓани од сите делови на Македонија, во ситуација кога освен Албанија и Турција, останатите туристички дестинации за нив ова лето се недостапни.
„Воопшто не недостасува море. Иако првично мислевме дека ќе биде проблем, после ова искуство се враќаме повторно“, вели турист од Скопје
Многумина од оние кои се дојдени се со ваучери за туризам, кои државата ги подели на лицата со ниски примања, со цел спас на туристичкиот сектор.
„Од Струмица сме и се чувствуваме одлично. Со ваучер сме дојдени. Самата ситуација допринесе да си ја запознаеме нашата држава и нашите убавини“, вели турист од Струмица.
Одевме во Грција досега, но бидејки сега неможеме, дојдовме овде иако мислам дека сме згрешиле што досега воопшто не сме иделе тука. Навистина е убаво и незнаевме дека постои ваква убавина во МакедонијаТуристка од Гостивар
„Го искористивме ваучерот и доплативме нешто.Продолживме малку и една недела ќе бидиме овде“, додава турист од Гостивар.
„Одевме во Грција досега, но бидејки сега неможеме, дојдовме овде иако мислам дека сме згрешиле што досега воопшто не сме иделе тука. Навистина е убаво и незнаевме дека постои ваква убавина во Македонија“, истакнува туристка од Гостивар.
Хотелиерите, кои останаа без работа повеќе од четири месеци, се надеваат дека ќе можат да спасат барем нешто од оваа сезона.
„Тешко е да се спаси целата ситуација, со оглед што странските гости, холанѓани ,израелци, пољаци и други ги нема оваа година“, нагласуваАгим Пошка, сопственик на приватни апартмани.
„Доста ни помогна и работата со ваучерите од министерството за економија што ги доделија. Колку толку спасивме дел од сезоната, бидејки се работи исклучиво за македонскиот пазар.Имаме околу 70% исполнетост со ваучерите“, вели Иљче Димитриески, менаџер на хотел.
Димитриески вели дека ова лето се соочиле и со доста интересни ситуации.
„Имаме случаеви каде што доаѓаат луѓе прв пат во Охрид“.
Лани не застанав, само што ќе дојдев веднаш качував луѓе. Пари по се изгледа немаат луѓето. Домашните гости немаат пари, само за шетање се дојдениСопственик на кајче
Но некои велат дека и покрај тоа што има туристи, работа има многу послабо од лани.
„Се шетаат луѓето претежно, фамилијани и со деца. Ги прашувам но не сакаат да се возат. Лани не застанав, само што ќе дојдев веднаш качував луѓе. Пари по се изгледа немаат луѓето. Домашните гости немаат пари, само за шетање се дојдени“, се пожали Стефан Чекреџи-сопственик на кајче.
Охридските плажи се очекува да бидат исполнети со домашни туристи до крајот на август. Но хотелиерите се надеваат, ако времето послужи, да имаат солидна исполнетост до средината на септември.
Сепак факт е дека како на плажите така и низ градот многу малку се почитуваат мерките за држење на дистанца и носење на заштитни маски. На некои од плажите се организираа и забави со млади и покрај забраните за групирање. Инаку државата подели вкупно 117.359 ваучери со вкупна вредност од 12 милиони евра.