Линкови за пристапност

Оглас за мултимедијален новинар во Гласот на Америка


Гласот на Америка на македонски јазик има потреба од мултимедијален новинар што ќе работи во седиштето на Гласот на Америка, во Вашингтон, во согласност со мисијата на сервисот за информирање, ангажирање и поврзување со нашата публика.

Работни задачи: Мултимедијално покривање на настани во САД; Самостојна продукција на телевизиски, текстуални и дигитални содржини, вклучително и оригинални телевизиски прилози за пласирање преку платформите на Гласот на Америка на македонски; Работа на социјални медиуми; Студиска реализација на телевизиската програма; Други задачи поврзани со позицијата.

Образование: Универзитетска диплома од областа на дигитално новинарство, новинарство, радио/телевизија или слично образование добиено од акредитирана високо-образовна институција.

Знаење и искуство: Најмалку три години мултимедијално, видео и новинарско искуство во телевизиски медиум; Способност за точно, навремено и објективно новинарско известување; Солидно познавање на дигитална видео-продукција, вклучително работа со програмите: Adobe Premiere Pro, Adobe After Effects, Adobe Photoshop; Напредно познавање на работа со камера и опрема за снимање и монтирање;

Потребно е течно да говори и пишува на македонски и англиски; Да има одлични комуникациски способности; Да биде тимски играч; Способност за работа под притисок на рокови; Флексибилност за работа во различни смени.

Кандидатот мора да исполнува услови за добивање соодветна виза за престој и работа во САД (Гласот на Америка ќе помогне во аплицирањето за J-1 виза).

Ако сте заинтересирани испратете ја вашата професионална биографија со пропратно писмо на: macedonian-service@voanews.com

XS
SM
MD
LG