Линкови за пристапност

Прва масовна вежба откако Северна Македонија е дел од НАТО: Што донесе „Одлучен удар 21“


Соработката и меѓусебната доверба што ја воспоставивме во текот на вежбата со нашите браќа по оружје од САД, Бугарија, Грција, навистина нè прави горди, истакна полковникот Блажо Николовски, директор на меѓународната воена вежба

Специјалци што висат од хеликоптер, ниски тактички прелети на борбените авиони Ф-16, заеднички фронтален напад врз замислен непријател од војници што зборуваат различни јазици. И сето тоа под една заедничка команда.

Тоа беа само дел од финалните активности на вежбата „Одлучен удар 21“ што во период од петнаесетина дена се одржуваше на армискиот полигон „Криволак“.

Покажавте капацитет и способност за планирање и организирање големи вежби, заедно со другите сојузнички армии
Стево Пендаровски, Претседател и врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија


Вежбата беше прва и најголема од таков вид откако Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО.

Високите армиски и цивилни претставници во нивните обраќања и во неформални разговори истакнаа дека со вежбата бил направен значаен чекор за зацврстување на сојузништвото на нашата земја со останатите членки на Алијансата.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Северна Македонија, Стево Пендаровски, оцени дека со „Одлучен удар 21“ се покажала способноста на армијата да организира масовни воени активности.


„Покажавте капацитет и способност за планирање и организирање големи вежби, заедно со другите сојузнички армии“, истакна Пендаровски во обраќањето до присутните гости на завршните активности од вежбата на Криволак.


Тој воедно оцени дека вежбата одиграла и клучна улога во зацврстувањето на партнерството со САД, кои беа главен поддржувач во организацијата, како и за мирот и стабилноста во регионот.

„Преку вложувањето во регионалниот мир и глобалната стабилност, истовремено вложуваме и во сопствената безбедност“, истакна Пендаровски.

Финале на „Одлучен удар 21“: Низок прелет на „Ф-16“, специјалци висат од хеликоптер
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:59 0:00


Учествуваа околу 1.500 војници од четири земји. Северна Македонија со 1.100 војници, САД со околу 300 армиски припадници, и Грција и Бугарија со по 20 учесници.


Полковникот Блажо Николовски, директор на „Одлучен удар 21“, рече дека изминатите петнаесетина дена не биле лесни, но целта била исполнета.

„Ја зајакнавме борбената готовност на единиците што учествуваа на вежбата, ја зголемивме интероперабилноста меѓу нашите армии... Соработката и меѓусебната доверба што ја воспоставивме во текот на вежбата со нашите браќа по оружје од САД, Бугарија, Грција, навистина нè прави горди“, рече Николовски.

Овие настани ги градат меѓународните односи што ќе траат многу подолго од самата вежба и откако сите трупи и нивната опрема ќе се вратат дома
Џед Шартл, Заменик-командант за мобилизација на воените сили на САД за Европа и Африка


Заменикот-командант за мобилизација на воените сили на САД за Европа и Африка, бригадниот генерал Џед Шартл, истакна дека со вежбите како „ Одлучен удар 21“ се гради мир што трае многу подолго од самите вежбовни активности.

„Преку вежби за обука како оваа учиме за нашите народи, нашата опрема и системи за да можеме навистина да бидеме интероперативни и меѓусебно да се поддржуваме. Овие настани ги градат меѓународните односи што ќе траат многу подолго од самата вежба и откако сите трупи и нивната опрема ќе се вратат дома“, рече генералот Шартл.


На вежбата гостуваше и делегација од Националната гарда на Вермонт, која одржува 28 години партнерство со Северна Македонија, а во насока на меѓусебна воена соработка, како и соработка на економски план.

На вежбата гостуваше и делегација од Националната гарда на Вермонт, која одржува 28 години партнерство со Северна Македонија, а во насока на меѓусебна воена соработка, како и соработка на економски план


Со „Одлучен удар 21“ видлива промена доживеа и самиот полигон Криволак. За да се подготви, теренот повеќе од една година беше запоседнат од инженерискиот баталјон на Армијата на Северна Македонија, кои работеа на пробивањето нова патна инфраструктура во вкупна должина од 100 километри.


„Покрај искуството што го разменивме за време на заедничката обука исто така разменивме и нови погледи во однос на механизацијата, во однос на мобилноста и во однос на изградба на инфраструктурните проекти што ги реализиравме во изминатиот период“, истакна поручникот Ненад Јордановски од инженерискиот баталјон, во разговор за Гласот на Америка.


На два месеца пред почетокот на вежбата на нашите војници им се приклучија инженерците и од Армијата на САД, кои со својата механизација помогнаа за да се забрза изградбата на нови патишта во рамките на полигонот.


„Поминавме два одлични месеци овде. Не сме имале претходно можност за ваков проект. Одлично беше, научивме доста. Не очекував дека ќе завршиме толку многу задачи“

„Една од работите што ја увидовме кај македонската армија е дека нивните оператори се исклучително вешти. Тие поминуваат по 15-20 години со опремата и имаат многу повеќе искуство. Воодушевува знаењето што го имаат“, истакна капетан Ли Медерс во разговор за Гласот на Америка.

Гласот на Америка во Криволак: Одблизу со македонските и американските инженериски баталјони
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00


„Одлучен удар 21“ беше дел од најголемата вежба на НАТО оваа година „Европски бранител 21“ што се одржува на територијата на 16 држави.

XS
SM
MD
LG