Линкови за пристапност

САД и натаму со најмногу починати од ковид-19, Њујорк почнува да ги отвора бизнисите


Во Њујорк денеска почнува првата фаза за отворање на бизнисите и се очекува околу 400.000 работници да се вратат на работните места. Голем дел од нив ќе го користат метрото првпат после три месеци

САД и натаму имаат најголем број смртни случаи од ковид-19 во светот. Според истражувачкиот центар на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, земјата има и речиси два милиона потврдени случаи на корона вирусот.

Локалните власти во американските општини ги повикуваат граѓаните што учествувале или учествуваат на протестите да се тестираат за вирусот.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо, рече дека во државата се отвораат уште 15 нови локации за тестирања и ги повика жителите да се прегледаат. Слични повици упатија и властите во Атланта, Сан Франциско, Сиетл.


Во Њујорк денеска почнува првата фаза за отворање на бизнисите и се очекува околу 400.000 работници да се вратат на работните места. Голем дел од нив ќе го користат метрото првпат после три месеци.

Со работа почнуваат градежништвото, фабриките, и дел од трговијата на големо. Сепак, голем дел од рестораните во Њујорк ќе останат затворени уште до крајот на овој месец.

На светско ниво бројот на починати достигна речиси 403.000 лица, додека потврдени се повеќе од седум милиони заболени од коронавирусот.

Нов Зеланд прогласи целосна победа на пандемијата, со ниту еден случај на новозаболен.

XS
SM
MD
LG