Линкови за пристапност

Втора група од Авганистан долета на скопскиот аеродром – мажи, жени, деца и неколку постари лица


Новата група брои 44 лица, а како што најавија од Владата тие привремено ќе бидат сместени во Скопје, додека не се обезбеди нивни трансфер кон друга дестинација

Група од 44 лица од Авганистан денеска попладне пристигна на скопскиот аеродром. Меѓу нив има мажи, жени, деца, како и неколку постари лица. Пристигнаа со лет на „Катар Ервјез“, а ги пречекаа припадници од „Црвениот крст“.

Според воспоставениот протокол, на лицата ќе им биде овозможена медицинска помош, ќе им бидат извршени антиковид-тестови, а на невакцинираните ќе им биде дадена можност и за вакцинација.


Се работи за активисти и нивни семејства од организацијата „Тиркиз Маунтајн“ (Тurquoise Мountаin).

Како што соопшти Владата денеска, тие ќе привремено ќе бидат сместени во Скопје, додека не се обезбеди нивни трансфер кон друга дестинација. Трошоците за групата, како што објаснија од Владата, треба целосно да бидат покриени од меѓународните организации.


На 30 август во земјава пристигнаа 149 лица од Авганистан, кои се сместени во хотелот „Белви“ во близина на Скопје. Ним им беа извршени ковид-тестови, при што, како што соопштија од „Црвениот крст“ тогаш, не било утврдено присуство на корона вирусот.

Членовите на првата група исто така се активисти и нивни семејства од невладини организации што биле активни во Авганистан пред Талибанците да ја преземат контролата врз земјата. Ним им се доделени 90 дневни визи за престој. Засега нема најави за нивно трансферирање во друга земја.

XS
SM
MD
LG