Линкови за пристапност

Делегација од УНЕСКО на средба со Макрон за Нотр Дам


Од Центарот за светско наследство истакнаа дека во пожарот се уништени две третини од средновековниот покрив на катедралата

Делегација од Организацијата за образование, наука и култура, при Обединетите нации (УНЕСКО) ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон. Главна тема на разговорот, кој ќе се одржи во Елисејската палата, ќе биде реконструкцијата на опожарената катедрала Нотр Дам.

Катедралата во 1991 година влезе под заштита на УНЕСКО, како објект што е дел од светското културно наследство.

Директорката на Центарот за светско наследство при УНЕСКО, Мештилд Рослер, после првичниот увид врз објектот, рече дека во пожарот се уништени две третини од средновековниот покрив на Нотр Дам.

Макрон, пак, деновиве рече дека би сакал реконструкцијата на објектот да биде завршена до 2024 година, кога во Франција ќе се одржат и Летните олимписки игри.

Сепак, според бројни експерти, датумот е нереален, зашто при реконструкцијата на Нотр Дам треба во предвид да се земат и нејзиното уметничко, но и верско значење.

XS
SM
MD
LG