Линкови за пристапност

Експерти по безбедност: Како „Рекет“ ќе влијае врз приемот на Северна Македонија во НАТО


Мислење на експерти: Влијанието на „Рекет“ врз евроатлантските аспирации на Северна Македонија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Мислење на експерти: Влијанието на „Рекет“ врз евроатлантските аспирации на Северна Македонија?

Тоа може да биде еден показател дали Северна Македонија е подготвена да се носи со сите оние предизвици и барања кои се очекуваат од неа за преговорите успешно да се отворат, вели Мехмедин Тахировиќ, професор по регионална безбедност од Црна Гора

Последните корупциски афери во Северна Македонија нема да влијаат врз приемот на земјава во НАТО, бидејќи тој процес е веќе завршена работа, но ниту врз отворањето на преговорите за членство со ЕУ. Ова за Гласот на Америка го велат експерти по безбедност. Tие сметаат дека решавањето на овие прашања може да ја покаже и подготвеноста на земјава за нејзините европски аспирации и предизвици.

„Тоа може да биде еден показател дали Северна Македонија е подготвена да се носи со сите оние предизвици и барања кои се очекуваат од неа за преговорите успешно да се отворат. Од друга страна тоа не е проблем само на Северна Македонија. Тоа е проблем и за земјите од регионот кои се соочуваат со многу висок степен на корупција и организиран криминал“, вели Мехмедин Тахировиќ, професор по регионална безбедност од Црна Гора.

Во секоја земја, па и во земјите кои се веќе полноправни членки на НАТО и ЕУ постојат различни афери. Тоа е жив процес кој се случува во секоја земја. Северна Македонија веќе исполни многу услови за време на овој процес, но и пред решавање на спорот за името и Преспанскиот договор. Така да мислам дека оваа афера нема директно да влијае врз самиот повик за членство во НАТО
Моника Беговиќ, Атлантски совет на Хрватска


И претседателката на Хрватскиот Атлантски совет, вели дека земјава многу направила во делот на промена на своето име и затоа смета дека последниот случај, поврзан со аферата „Рекет“, нема да се одрази врз ова прашање.

„Во секоја земја, па и во земјите кои се веќе полноправни членки на НАТО и ЕУ постојат различни афери. Тоа е жив процес кој се случува во секоја земја. Северна Македонија веќе исполни многу услови за време на овој процес, но и пред решавање на спорот за името и Преспанскиот договор. Така да мислам дека оваа афера нема директно да влијае врз самиот повик за членство во НАТО, кој верувам ќе се случи на самитот на НАТО во декември“, смета Mоника Беговиќ, претседателка на Атлантскиот совет на Хрватска.

Но, од Европскиот Маршалов центар ги потенцираат предизвиците со кои земјава во моментот се соочува на нејзиниот европски пат.

„Дел од предизвиците за Европа, кои се манифестираат и во Македонија, а кога зборувам за раководењето во државата се тековните афери поврзани со СЈО, е слободата на медиумите, владеењето на правото. Што се однесува до НATO, мислам дека нема да има проблем бидејќи Алијансата ги донесе своите заклучоци, а членките го поминуваат процесот на одобрување. Што се однесува до ЕУ, можеби тој процес малку ќе трае подолго, но мислам дека има добри шанси тој да почне во октомври“, истакнува Метју Роудс од Европскиот центар за безбедносни студии - Маршалов центар.

Сличен е ставот и од Маршаловиот центар од Скопје.

„Се обидуваме да ги искористиме најдобрите пракси и искуства од соседните земји, како Црна Гора. Сè што тие направиле и ние да се обидеме да го искористиме тоа искуство и да го имплементираме и да бидеме на вистинскиот пат за влез во НАТО и ЕУ“, истакнува Биљана Поповска, претседателка на Маршалов центар - Македонија.

На меѓународна конференција која во организација на Маршаловиот центар и одделението за јавна дипломатија на НАТО, неодамна се одржа во Охрид беше посочено и дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се најважните услови за влез во НАТО и ЕУ и оти треба да се продолжи со напорите да се завршат во целост сите отворени истраги.

XS
SM
MD
LG