Линкови за пристапност

НАТО и ЕУ, приоритети во надворешната политика на С. Македонија за 2020 година


НАТО и ЕУ - приоритет на надворешната политика на С.Македонија во 2020 година
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

НАТО и ЕУ - приоритет на надворешната политика на С.Македонија во 2020 година

Во следните месеци фокусот на МНР ќе биде ЕУ, ќе продолжиме да правиме да биде што потешко да нема одлука, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров

Финиширање на процесот на зачленување во НАТО и Европската унија конечно да даде „зелено светло“ за почеток на преговори за членство – тоа се двата приоритета во надворешната политика за 2020 година. Ако станувањето 30-та членка на Алијансата е извесно – се чека само ратификација на пристапниот протокол во Шпанија, тогаш делот во ЕУ-интеграцијата е покомплициран.

Во јуни земјите членки решија дека за С. Македонија одлука ќе има во октомври – октомври дојде, но не и одлуката, пред се поради барањето на Франција прво да има реформа во т.н. методологија на пристапување, па потоа да се додели датумот. Кон крајот на јануари се очекува Европската комисија да ја изготви таа методологија, а кон крајот на февруари и да излезе со кус извештај за напредокот на земјава.

Во следните месеци фоксуот на МНР ќе биде ЕУ, ќе продолжиме да правиме да биде што потешко да нема одлука. Ќе биде многу подобро во парламентот да се донесе Законот за јавно обвинителство што ќе ја зајакне нашата кандидадтура
Никола Димитров, Министер за наворешни работи


Но, има и други елементи што Македонија треба да ги заврши за да ги убеди скептичните членки – Франција и Холандија, да гласаат „за“ почеток на преговори.

„Во следните месеци фоксуот на МНР ќе биде ЕУ, ќе продолжиме да правиме да биде што потешко да нема одлука. Ќе биде многу подобро во парламентот да се донесе Законот за јавно обвинителство што ќе ја зајакне нашата кандидадтура. Важно ќе има и чекори на имплементација, да се работи на постоечките судски процеси“, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Прашање е дали овој парламентарен состав, имајќи ги предвид разликите, ќе успее да се усогласи и законот за јавно обвинителство да го усвои пред распуштањето на парламентот поради априлските предвремени избори.

Унијата, исто така, ќе го мониторира и изборниот процес за кој, како што се очекува од секоја земја-кандидатка, треба да се спроведе во демократски услови.

За ова прашање денеска разговараа шефот на државата и собранскиот спикер. Пендаровски и Џафери се согласиле дека „потврда за демократскиот капацитет на земјата треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во фер и демократска атмосфера.

XS
SM
MD
LG