Линкови за пристапност

Малку автомобили на електричен погон се возат низ македонските патишта


Само 204 коли на струја регистрирани во Северна Македонија до 2018
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Само 204 возила на струја регистрирани во Северна Македонија до 2018

Според официјалните податоци на МВР, бројот на такви возила во 2018 година е 204. Повеќе од половината или вкупно 126 се во Скопје

Низ македонските патишта се возат малку автомобили со погон на електрична енергија. Според официјалните податоци на МВР, бројот на такви возила во 2018 година е 204. Повеќе од половината или вкупно 126 се во главниот град Скопје, додека во внатрешноста најмногу ги има во Штип 17. Бројот пак на хибридни возила кои работат комбинирано и на струја и на бензин е 91.

Виктор Мизо, претседател на странските компании oд автомобилскиот сектор во земјава, вели дека е потребна изработка на соодветна инфраструктура, каде електричните возила би се снабдувале со струја.

„Ќе имаме тренд кој кај нас нема да биде со иста брзина на имплементација како и во Западна Европа. Истовремено и цената на овие возила ќе претставува до некаде проблем за тоа да биде масовно користено кај нас, барем во некој период додека цената на батериите и цената на целата технологија не биде поприфатлива“, вели Мизо.

Во меѓувреме во 17 градови низ државата, приватната компанија EВН, постави 40 станици за полнење на електрични возила. Најавуваат поставување и на брзи полначи на повеќе места. Таква станица веќе има и во Охрид.

Јавното претпријатие Биљанини извори, кое стопанисува со паркинг просторите во градот, на сопствениците на вакви возила им нуди бесплатно паркирање во строгиот центар на градот.

„Додека за хибридните возила имаше закон да се ослободат од наплата за паркирање и истото тоа им го овозможуваме на сите отворени паркинзи според одлука на Совет на град Охрид, донесена во 2019 година. Газди на такви хибридни возила се дваесет, а трендот продолжува понатаму, што значи дека граѓаните се грижат за екологијата во градот“, вели Гордана Јованоска, директорка на јавното претпријатие „Биљанини извори“.

За тоа треба време и многу средства и не може секогаш државата да биде таа која ја гради таа инфраструктура за полнење на електрични возила, туку тоа треба да бидат и големи компании без разлика дали се тоа производителите или дистрибутери на струја. Понекогаш и нафтени компании влегуваат во овие бизниси
Виктор Мизо, Претседател на странските компании oд автомобилскиот сектор во С.Македонија


И од продажните салони за автомобили велат дека причина за сè уште малата продажба на вакви возила се високите цени за нив, но и слабата инфраструктура со полначи за струја.

Но, сепак охрабрувачки е дека дури и во развиените западноевропски земји, инфраструктурата за ваквите возила не е целосно изградена додава Мизо. Во Европа во тој дел предничи Норвешка.

„За тоа треба време и многу средства и не може секогаш државата да биде таа која ја гради таа инфраструктура за полнење на електрични возила, туку тоа треба да бидат и големи компании без разлика дали се тоа производителите или дистрибутери на струја. Понекогаш и нафтени компании влегуваат во овие бизниси“, објаснува Мизо.

Инаку со новиот закон за моторни возила за првпат, се воведува принципот, ако возилото помалку загадува, за него да има помал данок. Според Министерството за финансии во делот на поттикнување на употребата на електричните возила, за сите категории од овој вид е пропишано ослободување од посебен данок на моторни возила. Хибридните возила пак ќе подлежат на ослободување до 50 проценти од данокот.

XS
SM
MD
LG