Линкови за пристапност

Северна Кореја повторно лансира проектили


Од Пјонгјанг засега нема коментар за лансирањето. Но, официјални лица од Сеул велат дека проектилите се веројатно дел од воените вежби што Северна Кореја ги почна минатата недела

Северна Кореја денеска лансира два проектили со кус дострел, соопштија армиски избори од Јужна Кореја. Проектилите биле лансирани од област во близина на источниот брег, а летот им долг речиси 240 километри, на максимална височина од 35 километри.

Од Пјонгјанг засега нема коментар за лансирањето. Но, официјални лица од Сеул велат дека проектилите се веројатно дел од воените вежби што Северна Кореја ги почна минатата недела.

Лани Пјонгјанг изведе 13 лансирања на проектили со среден и со кус дострел, покрај разговорите со САД за денуклеаризација на полуостровот. Ова е прво регистрирано лансирање оваа година.

Во Северна Кореја во исто време се воведени вонредни превентивни мерки за заштита од коронавирусот. Властите го прекинале странскиот туризам, а сите странци што пристигнуваат во земјата се пренесуваат во карантин. Забрана за движење има и за странските дипломати.

XS
SM
MD
LG