Линкови за пристапност

Нобеловата награда за економија доделена на тројца научници за решенија против сиромаштијата


Шведската академија на науките од Стокхолм соопшти дека добитници годинава се Абиџит Банерџи, Американец со индиско потекло, Естер Дифло, Американка со француско потекло и Мајкл Кремер од САД

За изнаоѓање нови начини за надминување на сиромаштијата, тројца научници ја добија Нобеловата награда за економија. Шведската академија на науките од Стокхолм соопшти дека добитници годинава се Абиџит Банерџи, Американец со индиско потекло, Естер Дифло, Американка со француско потекло и Мајкл Кремер од САД.

Според образложението од Академијата, тројцата економисти претставиле нов пристап за надминувањето на сиромаштијата. Притоа се фокусирале на поконкретни проблематики како подобрување на едукацијата и намалување на смртноста кај децата.

Во образложението се истакнува и дека како резултат од нивните истражувања, повеќе од пет милиони деца во Индија ги почувствувале бенефициите од подобрувањата во образованието.

Паричната вредност на наградата е 915.300 долари, при што на добитниците ќе им биде поделена на три еднакви дела.

XS
SM
MD
LG