Линкови за пристапност

Пендаровски му го додели мандатот на Заев за состав на нова влада


Заев го доби мандатот за влада - најави состав што ќе го следи патот кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00

Заев го доби мандатот за влада - најави состав што ќе го следи патот кон ЕУ

Пред собранието ќе испорачам квалитетен состав на влада која ќе се бори против корупцијата и која ќе се залага за прочистување на правосудството и проверка на имотот на функционерите, рече лидерот на СДСМ

„За мандатор за составување влада го определувам Зоран Заев“, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски на церемонијата на доделување на мандатот за формирање нова влада.

Заев најави дека ќе понуди нова европска влада, ослободена од национализми, во чиј фокус ќе биде економијата.

Ќе водам влада која во целост ќе ги почитува Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија“, рече лидерот на СДСМ во обраќањето


„Пред собранието ќе испорачам квалитетен состав на влада која ќе се бори против корупцијата и која ќе се залага за прочистување на правосудството и проверка на имотот на функционерите. Програмата на новата влада ќе биде економијата. Ќе водам влада која нема да знае за скршнување од патот кој ќе води кон членство во ЕУ. Ќе водам влада која во целост ќе ги почитува Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедство со Бугарија“, рече лидерот на СДСМ во обраќањето.

Потврди дека ги продолжува разговорите со ДУИ, без да навлезе во детали од процесот. Не одговори на прашањето дали Ахмети инсистира на позицијата премиер во првата година од 4-годишниот мандат, велејќи дека не сака да им наштети на преговорите. Ја повика ДУИ на флексибилност. Уверен е дека ќе успее да формира влада пред да истече рокот и дека се подготвува да биде премиер 4 години.

На ова Ахмети одговори дека ДУИ е фактор на стабилност во државата и дека делува со ладна глава.

XS
SM
MD
LG