Линкови за пристапност

Помалку студенти на Харвард поради ковид-19


Голем дел од студентите немаат можности за патување и сакаат да избегнат живеење на кампус каде треба да се делат заедничките простории, стои во извештај на универзитетскиот дневен весник на „Харвард“

За 20 проценти се намалил бројот на заинтересирани студенти за новата академска година на Универзитетот Харвард. Ова се вели во извештај на универзитетскиот студентски дневен весник, „Харвард Кримсон“.

Меѓу причините за намалениот број новопријавени за студиите од есен, се наведува дека се можните компликации поврзани со ковид-19. Како што се вели во објавата, голем дел од студентите немаат можности за патување и сакаат да избегнат живеење на кампус каде треба да се делат заедничките простории. Дополнителна причина се и онлајн предавањата кои се поевтини.


За наставата во есенскиот семестар се пријавиле 5.231 студент, објавува весникот. Минатата година, за споредба, се пријавиле 6.755 студенти.

Универзитетот годинава сите додипломски предавања ќе ги нуди во онлајн форма. Според весникот, повеќето од студентите што се пријавиле за новата академската година, односно 3.599, се одлучиле за настава од далечина. Од пријавените, 1.168 бруцоши и 464 студенти, кои зад себе имаат веќе неколку семестри, наставата ќе ја следат на универзитетот.

Проценките на Харвард се дека само 25% од студентите ќе живеат на кампусот. Поголемиот дел од персоналот на универзитетот исто така ќе продолжи со работење од дома.

XS
SM
MD
LG