Линкови за пристапност

Собранието изгласа: Недела станува неработен ден, но не за сите


Во дејностите каде работниот процес не може да биде прекинат, работниците, наместо недела, ќе добиваат друг работен ден за одмор што ќе треба да се искористи во период од седум дена. Законот стапува на сила од први јануари.

Со 62 гласа „за“ и ниту еден против, Македонското собрание денеска го усвои предлогот за прогласување на недела за неработен ден. Со таа одредба мнозинството до работно ангажираното население во земјава ќе добие загарантирано право за неделен одмор.

„Недела неработен ден e реалност. Владата и Министерството за труд и социјална политика го исполнија ветувањето што им го дадоа на работниците. Од први јануари, недела ќе биде ден за неделен одмор за 92% од работниците,“ порача министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Законот за работните односи со кој се утврдува недела како неработен ден, на сила ќе стапи од први јануари идната година.

Според одредбите, тие што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела и слободен ден кој ќе можат да го искористат во наредните седум дена.


Вработените во трговските центри, пак, кои ќе работат во недела, според одредбите, треба да добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто.

Според ставките во Законот, на овој член, за работниците кај работодавачите кај кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине поради техничко - технолошкиот процес и потребата од континуитет во работата, ден на неделен одмор може да биде друг ден во неделата.

Во овие исклучоци влегуваат следните дејности:

- одгледување животни;
- мешовито фармерство;
- вадење на јаглен и лигнит;
- вадење на руди на метал;
- печатење и издавање на весници;
- производство на леб, слатки во свежа состојба и бисквити;
- производство на пиво, само во процесите поврзани со варење, квасна припрема и следење, ферментација, филтрација и енергетска поддршка на овие процеси;

Вработените во трговските центри, пак, кои ќе работат во недела, според одредбите, треба да добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто.


- производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати;
- производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси;
- производство на индустриски гас;
- производство на метали;
- аптеки;
- снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација;
- снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности на санација на околината;
- копнен, цевоводен, воден и воздухопловен транспорт;
- складирање и помошни дејности во превозот;
- објекти за сместување;
- дејности за подготовка на оброци и служење на храна;
- филмска дејност, дејности за видео и телевизиска програма,
- емитување на програма;
- телекомуникации;
- информативни услужни дејности (хостирање, обработка на податоци, интернет портали и сл.);
- прикажување на филмови;
- фотографски дејности;
- ветеринарни дејности;
- изнајмување и давање под закуп (лизинг) на моторни возила;
- дејности на приватна заштита и услуги на заштита со помош на сигурносни системи;

Тие што ќе бидат ангажирани во дејностите кои заради техничко-технолошкиот процес не смеат да бидат прекинати, ќе добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница за работа во недела


- дејности на повикувачки центри;
- општи дејности на јавната управа, само за итни и неодложни работи поврзани со одржување на седници, инспекциски надзори, чување на шуми, а кои работи се од витално значење за државниот и јавниот интерес;
- работи на одбраната;
- судски и правосудни дејности;
- работи на јавниот ред и безбедноста;
- дејности на пожарникарската служба;
- дејности за здравствена заштита;
- дејности на социјалната заштита со сместување;
- креативни, уметнички и забавни дејности;
- дејности на музеите,
- дејности на зоолошки градини и природни резервати;
- спортски, забавни и рекреативни дејности;
- погребни и слични дејности;
- царинска служба на гранични премини,
- дејности кои имаат карактер на помошни или придружни дејности со цел непречено функционирање на дејностите од овој став, врз основа на склучен договор со работодавачот од дејностите од овој став.
- работни места од други дејности кои не се опфатени со овој став, а имаат карактер на помошни и придружни работи за непречено извршување на основната дејност на работодавачот.

XS
SM
MD
LG