Линкови за пристапност

Пендаровски го потпиша указот за членство во НАТО


Пендаровски ја потпиша ратификацијата за членство во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Пендаровски ја потпиша ратификацијата за членство во НАТО

Ова го чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше, нека ни е со среќа, рече шефот на државата кој денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор

Шефот на државата, Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор.

„Ова го чекавме речиси 30 години, ама се исплатеше, нека ни е со среќа. Повели (пенкалото) за спомен од овој важен чин, да се собираме само за убави работи“, рече Пендаровски.

Откако законот ќе биде објавен во Службен весник тој стапува на сила. Но, тоа не значи дека Северна Македонија и официјално станува 30-та членка на НАТО. За процесот да се заокружи треба уште Шпанија да го ратификува пристапниот протокол, што може да се случи на почетокот од март.

Од вчера знамето на Алијансата се вее пред парламентот каде со 114 гласа „за“ парламентот го ратификуваше Северноатлантскиот договор.

„Вчера се уверивме дека во Парламентот гласаа сите, вклучително и колегите од ВМРО-ДПМНЕ. Се прашувам кој утре или задутре, повторно ќе заговара рушење на Преспанскиот договор и поништување на нашето членство во НАТО. Баш би сакала да го видам јунакот, кој после таков консензус, да ги поништи вчера дадените гласови во парламентот и оној кој ќе се дрзне да го поништи најголемиот успех од независноста до денес“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Во февруари минатата година во Брисел беше потпишан протоколот за прием на С. Македонија во НАТО. За 12 месеци тој протокол го ратификуваа 28 земји-членки. Недостасува уште Шпанија.

XS
SM
MD
LG