Линкови за пристапност

Првпат на иста маса со лидерите: Северна Македонија ќе учествува на самитот на НАТО во Лондон


Првпат на иста маса: Северна Македонија ќе учествува на самит на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Првпат на иста маса со лидерите: Северна Македонија ќе учествува на самит на НАТО

Димитров најави дека до Лондонскиот самит ќе се утврди и идниот македонски амбасадор во НАТО. Неофицијално, тоа ќе биде Дане Талески

Идната недела Македонија, за првпат на еден самит на НАТО, ќе седи на иста маса со останатите земји-членки. Премиерот Зоран Заев ќе ја предводи делегацијата на лидерскиот состанок на собирот на врвот на Алијансата во Лондон.

„За неколку дена во Лондон се организира лондонскиот лидерски Самит, на кој прв пат ќе имаме прилика да седнеме на иста маса со лидерите на најмоќната Алијанса во историјата на човештвото. Прв пат нема да дозволиме некој друг да дискутира за нас, туку ние ќе седнеме на масата, на која се носат одлуки кои имаат важност во светски рамки“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Позитивни зборови и од Зоран Јанковиќ, шефот на канцеларијата на НАТО во Скопје.

„Наредната недела ќе имате можност да седите рамноправно на лидерската маса и тоа е значаен оказател за вашата посветеност“, рече Јанковиќ.

Во очекување на преостаната, 29. ратификација во Шпанија, МНР веќе изготвило нацрт-закон за ратификација на Северноатлантскиот договор во македонското собрание.

„Тоа што за 10 месеци имаме 28 ратификации говори дека сме добредојдени и се надеваме дека тоа ќе биде одбележано во завршната декларација од Самитот со посебен параграф“, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Димитров најави дека до Лондонскиот самит ќе се утврди и идниот амбасадор во НАТО. Неофицијалните информации се дека тоа ќе биде Дане Талески, актуелниот советник на премиерот за надворешни прашања.

XS
SM
MD
LG