Линкови за пристапност

Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за Северна Македонија и за Западен Балкан


Белата Куќа го информира Конгресот дека го продолжува важењето на извршната наредба број 13219 од 26-ти јуни 2001-ва

Претседателот Доналд Трамп ја продолжи состојбата на вонредни мерки кон Западен Балкан, како и кон Северна Македонија за уште една година. Мерките беа донесени во 2001 година, поради заканите врз националната безбедност и надворешно политичките интереси на САД.

Белата Куќа потенцира во соопштението дека постојат лица кои со своите активности и натаму претставуваат закана за националната безбедност на САД, и воедно и ги опструираат Охридскиот мировен договор, Дејтонскиот договор во Босна и Резолуцијата 1244 на Косово.

XS
SM
MD
LG