Новото вселенско летало на НАСА, Нови хоризонти, направи фотографии од Ultima Thule најпримитивниот објект до сега забележан од летало во вселената. Набљудувачите на ѕвездите имаа можност да видат целосно помрачување на Месечината, кога се најде на иста линија со Земјата и Сонцето.
Компанијата "Спејс Икс" лансираше вселенско летало без екипаж за да собере податоци за идни летови со екипаж.
Кристина Коч и Џесика Меир направија историја - станаа првите жени што ја напуштиле Меѓународната вселенска станица и излегоа на задача во отворена вселена.
Тоа се само дел од настаните што ја одбележаа 2019 година на полето на вселенските истражувања, а кои заслужија посебно место во книгите по историја.