Линкови за пристапност

Најмалку 79 загинати во експлозијата на нафтовод во Мексико


Најмалку 79 лица загинаа, а 74 се повредени во застрашувачката експлозија на нафтовод во Мексико. Несреќата се случила додека стотици луѓе се обидувале илегално да наточат гориво од цевката, која била намерно пробушена.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, посочи дека цевката била пробиена од страна на крадци на нафта. Тој ја повика целата влада да се ангажира за помош на повредените од експлозијата.

Како што се наведува, ова е најтешката експлозија на нафтовод во поновата историја на Мексико.

Според мексиканските власти, нелегалните кражби на гориво, земјата ја чинат околу три милијарди долари годишно.

XS
SM
MD
LG