Линкови за пристапност

Русија ги предупредува САД


Москва бара Вашингтон да не ја објавува листата на прекршители на човековите права

Москва го предупреди Вашингтон да размисли пред да ја објави листата на руски официјални лица кои се соочуваат со санкции заради наводно кршење на човековите права.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин рече дека обелоденувањето на листата сериозно ќе ги заостри односите меѓу двете земји.

Листата, која се очекува да биде објавена денеска, е авторизирана според Актот Магнитски. Сергеј Магнитски беше руски адвокат уапсен во 2008-ма заради затајување данок и учество во пирамидална шема на перење пари. Почина наредната година во затвор откако бил тепан и не му била овозможена основна медицинска нега.

На листата не се наоѓаат само имиња вклучени во инцидентот Магнитски, туку и оние се приклучиле на акциите и мерките на Кремљ за задушување на политички права во земјата.
XS
SM
MD
LG