Линкови за пристапност

Пример за градоначалник: Игра, готви, изведува трикови од дома за да ги расположи сограѓаните во време на пандемија


Пример за градоначалник: Игра, готви, изведува трикови од дома за да ги расположи сограѓаните
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:20 0:00

Пример за градоначалник: Игра, готви, изведува трикови од дома за да ги расположи сограѓаните

Ми се радува срцето што луѓето ме прифаќаат таков каков што сум. Тоа е пораката што ја испраќам - чувствувајте се добро во сопствената кожа, вели Дерек Каваками, градоначалник на хавајскиот остров Кауаи

Градоначалникот на хавајскиот остров Кауаи, Дерек Каваками, најде начин како да ги расположи сограѓаните за време на пандемијата. Почна да снима забавни видеа на интернет.

„Се` почна од мојата сопруга која е учителка во основно училиште. Нејзината главна грижа беше што за некои деца училиштето е најбезбедно место“, објаснува градоначалникот.

На Каваками му досадиле ноќните полициски часови поради пандемијата, па почнал да прави видеа за социјалните медиуми.

Ми се радува срцето што луѓето ме прифаќаат таков каков што сум. Тоа е пораката што ја испраќам - чувствувајте се добро во сопствената кожа, не се обидувајте да се менувате за никого и следете го сопствениот пат“
Дерек Каваками, Градоначалник на островот Кауаи, Хаваи


„Ова сум јас. Нетипичен градоначалник“, вели Каваками.

Тој привлекол публика со вештини за домашна изработка, трикови со карти, како и со правење заштитна опрема од стари маици.

Вели дека го балансира животот како градоначалник и обичен граѓанин.

„Ми се радува срцето што луѓето ме прифаќаат таков каков што сум. Тоа е пораката што ја испраќам - чувствувајте се добро во сопствената кожа, не се обидувајте да се менувате за никого и следете го сопствениот пат“, вели тој.

Четириесет и две годишниот градоначалник вели дека се надева оти видеата ќе го направат карантинот помалку здодевен, а истовремено ќе ги зближи луѓето во заедницата.

XS
SM
MD
LG