Линкови за пристапност

Палмер: Веруваме дека С. Македонија во октомври ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ


Земјата, секако би можела да ја помогне сопствената кауза со спроведување на агендата на реформи и имплементацијата на новиот закон за јавното обвинителство, истакнува специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан во интервју за Гласот на Америка

Се надеваме дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите за членство (во ЕУ) после состанокот на Европскиот совет на 16 октомври. Ова во интервју за Гласот на Америка го истакна Метју Палмер. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан.

Во интервјуто, што го правеше дописничката на Гласот на Америка од Стејт Департментот на САД, Палмер одговара на прашања за Косово, Србија, како и за Северна Македонија.

Палмер истакна дека владата на Северна Македонија веќе многупати ја покажала својата определеност и потсети дека Европската комисија во изминатите десетина години дава позитивна препорака за отворање на пристапните преговори.

Северна Македонија, секако би можела да ја помогне сопствената кауза со спроведување на агендата на реформи и имплементацијата на новиот закон за специјалното јавно обвинителство
Метју Палмер, Специјален пратеник на САД


„На нашите европски партнери јасно им ја пренесовме нашата позиција. Веруваме дека тоа ќе биде од големо значење“, вели Палмер.

Специјалниот пратеник објаснува и колкаво е значењето на реформите, но и на владеењето на правото.

„Северна Македонија, секако би можела да ја помогне сопствената кауза со спроведување на агендата на реформи и имплементацијата на новиот закон за специјалното јавно обвинителство“, истакнува Палмер.

Во интервјуто Палмер објаснува дека се во тек консултативни преговори во Скопје по тоа прашање.


„Ние би сакале да бидеме партнер со владата на Северна Македонија во поддршката на агендата за реформи. Сакаме да ѝ помогнеме на таа земја да оди напред“, нагласува Палмер.

Тој изразува надеж дека земјата брзо ќе напредува и на патот кон НАТО и дека би било идеално таа да стане 30 членка на Алијансата на почетокот во декември оваа година.

XS
SM
MD
LG