Припадници на полицијата од СВР Охрид и волонтери од Црвениот крст им доделуваа на граѓаните заштитни маски, ракавици и флаери со едукативна содржина за заштита од ковид-19.
Акцијата е дел од едукативно-превентивна кампања за запознавање на граѓаните и подигнување на повисоко ниво на совеста за потребата од неопходна примена на мерките за заштита од коронавирусот.
„На овој начин, полициските службеници ја покажаа грижата за јавното здравје и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот ковид-19“, велат од СВР Охрид.
Тимовите беа поставени на различни локации во Охрид, Дебар, Кичево и Струга, а на дел од граѓаните волонтерите од Црвен крст им мереа и температура.