Линкови за пристапност

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“: Свечени фустани, вратоврски, но и проверка на анти-ковид сертификати


Четириесет и второто издание на „Браќа Манаки“ покажува дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сè, рече претседателот Пендаровски кој е воедно и покровител на фестивалот

Свечени фустани, вратоврски, но и проверка на анти-ковид сертификати беа дел од дефилето на гостите на црвениот килим за отворањето на годинешното, 42 издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Главната церемонија се одржа вечерва, под отворено небо, во дворот на Завод и музеј Битола.

„Четириесет и второто издание на „Браќа Манаки“ покажува дека фестивалот е жив, витален и опстојува покрај сè, како што мора и во секој друг сегмент од животот да продолжиме и понатаму со оптимизам и надеж, покрај сите тешкотии и проблеми“, рече претседателот Стево Пендаровски, кој како покровител го прогласи фестивалот за отворен.

Прв во програмата беше филмот „Сестри“, режисерското деби на младата Дина Дума.

Во продолжение погледнете ја атмосферата од отворањето на фестивалот:

XS
SM
MD
LG